ВИДЕО | Гори туристички брод во едно од омилените летувалишта на Македонците! Патници скокале во вода и се спасувале

Туристички брод со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос. За среќа, патниците се евакуирани и се на брегот.

На местото на настанот се испратени и други бродови во случај да биде потребна помош.

Туристички брод со 82 патници се запали на островот Родос, едно од омилените летувалишта на македонските туристи, поради што е во тек голема евакуација!

Пожарот избувнал на брод со патници на кратко растојание од плажата Стенјон.

За секој случај на лице место пристигнуваат две возила на Брза помош, а за инцидентот се известени Капетанијата на пристаништата и Противпожарната служба.