Зошто некои кошмари се повторуваат кај луѓето !? Клинички психолог објаснува и предупредува на знаците за психичко пореметување – внимавајте!

Руски клинички психолог открива зошто некои кошмари се повторуваат, како и кога е неопходно да се побара соодветна помош.

Секој кошмар носи скриено значење, а ако се појавува повторно и повторно, тоа може да биде знак дека личноста е склона кон стравови, силна вознемиреност и прекумерна емпатија. Зошто се случуваат такви страшни соништа и која е подлабоката причина за нивното појавување ?

Клиничкиот психолог Алексеј Мелехин од Русија вели дека кошмарите можат да бидат подеднакво штетни и корисни. Непријатните соништа се заштитен механизам на човечката психа, ја штитат од разни иритации и помагаат да се избегне тежок стрес и нервен слом.

Ако соништата се такви што личноста се буди, срцето забрзано чука, чуствувате гадење и други вегетативни манифестации, тогаш тоа е нешто што може да биде знак на тревога. Овие симптоми може да укажуваат на тоа дека постои некаков вид на нарушување во психата. Затоа е неопходно да се утврдат причините кои конкретно водат до ваков кошмар и што предизвикува негово повторување.

Повторливите кошмари можат да бидат причина за посттрауматско стресно растројство (ПТСН), синдром на исцрпеност, анксиозност од одвојување, класичен перфекционизам .Тоа може да биде и знак за клиничка депресија или поврзана со несигурноста на личноста која се бори со овој проблем“, објаснува психологот.

Кошмарите треба да се третираат како еден вид екран кој ви покажува што се случува. И не треба да ги игнорирате, тие не се појавуваат сами“, вели психологот.

Според него, кошмарите често ги доживуваат исклучително емпатични луѓе, вознемирени луѓе или оние кои се склони кон страв. Алексеј Мелехин верува дека кошмарите ви дозволуваат да го вратите вашиот „психолошки оклоп“ по некоја траума, доколку сте се чувствувале несигурни, сте биле во неизвесност и слично.

Ако кошмарите доведат до нарушување на квалитетот на сонот, тогаш треба да контактирате со специјалист кој ќе дојде до суштината на проблемот и ќе го реши“, советува Алексеј Мелехин.

Психологот Алексеј Мелехин наведува и дел од показателите за квалитетен сон, поточно најмалку седум часа сон, способност за заспивање без седативи, добро расположение по будењето итн.

Бидејќи во текот на денот сме многу активни, за постојано да примаме и „впиваме“ нови информации, на нервниот систем и на целото тело му е потребен одмор. Научниците утврдиле дека најмалку седум часа сон се доволни за обновување на мозокот, кардиоваскуларниот систем, гастроинтестиналниот тракт и целото тело.