ПРОТЕЧЕ ДОКУМЕНТ КОЈ КОНЕЧНО ОТКРИВА ШТО ПЛАНИРА ИЗРАЕЛ – Еве какви планови се ‘кројат’ за Палестинците од Појасот Газа

Во документот составен од Министерството за разузнавање на Израел се препорачува преместување на цивилното население од Појасот Газа на египетскиот Синајски Полуостров како решение по соборувањето на Хамас. Копија од тој документ беше објавена од веб-страницата „Шичка Мекомит“.

Владините претставници ја минимизираат важноста на документот, а Кабинетот на премиерот за медиумите изјави дека ова се „првични размислувања“ за ова прашање, пишува Times of Israel.

Документот од 13. октомври повикува на преместување на цивилното население во градовите со шатори во северен Синај и евентуална изградба на постојани градови и отворање на хуманитарен коридор. Планот вклучува и стерилна тампон зона во Египет широка неколку километри за да се осигура дека населението не може да се насели на границите на Израел.

Во планот се споменуваат и наводни проблеми со меѓународното прифаќање на таквиот потег, но потегот е оправдан со тоа што се толкува како решение за бегалците кои бараат засолниште од војната. Се тврди дека таков принуден трансфер би послужил како предупредување за Хезболах.

Во документот се споменуваат и две други опции: едната е да се дозволи палестинската управа, која сега контролира делови од Западниот Брег, да владее со Појасот Газа по завршувањето на војната чија цел е уништување на Хамас, а другата е да се поддржи локалниот режим, но и двете опциите се отфрлаат како проблематични поради различни причини, меѓу другото, и фактот што нема да послужи како пречка против нападите врз Израел.

Египет одби да ги прими Палестинците кои бегаат од израелската офанзива во Појасот Газа.