Професионална љубовница дели совети како да си го зачувате мажот: „Ако му ги правите овие работи, тој никогаш нема да ве изневерува“ (фото)

„Професионалната“ љубовница, Ејми Купс (33) од Северна Каролина, која излегува само со оженети мажи, дава совети како да го спречите вашиот сопруг да сака друга.

секс на работа, измама, прељуба

Таа тврди дека вашиот партнер ќе остане верен доколку му ги исполните сексуалните фантазии. Меѓу другото, таа советува играње улоги, јавно прикажување на интимна наклонетост и отвореност за пластична хирургија. Ејми почнала да излегува со оженети мажи откако нејзиниот сопруг ја изневерил.

Таа објасни дека ги слуша истите поплаки од нејзините љубовници и верува дека постојат начини да се избегнат какви било вонбрачни афери, пишува Daily Mail.

Поранешната наставничка Ејми препорачува да внесете што е можно повеќе возбуда во спалната соба, без разлика дали тоа вклучува гледање порно заедно или можеби ставање силиконски импланти, за да ги исполните желбите и очекувањата на едни со други за тоа како изгледате.

„Вашиот партнер ќе остане со вас доколку ги исполните неговите сексуални фантазии, ви гарантирам. Клучот е често да го задоволувате вашиот партнер“, рекла Ејми.

Таа исто така советува да бидете возбудливи и да не се плашите да покажете интимна наклонетост кон партнерот. Исто така, важно е да ги дознаете неговите фантазии бидејќи, како што изјавила, мажите гледаат порнографија со причина, па наводно ако малку личите на неговата омилена порно ѕвезда, ќе се погрижите да не побегне.

Ејми, исто така, препорачува споделување лозинки на телефонот и отворена комуникација кога станува збор за финансиите. Кога станува збор за мажите на кои им служи, таа тврди дека има список на вообичаени поплаки за нејзините партнери. Често слуша дека нивните сопруги повеќе не сакаат да имаат секс или дека нивните деца ја уништиле нивната интимност, како и дека нивните сопруги повеќе не се секси, не се авантуристи и не сакаат да експериментираат.

,,Мажите секогаш ми се доверуваат и 100 проценти од времето тоа е една од тие причини. Најлошите прекршоци во врската кои го тераат партнерот да изневерува се недостатокот на комуникација, возбуда и забава во спалната соба. Партнерите кои не комуницираат за своите сњксуалните фантазии често се чувствуваат повлечено кога треба да бидат возбудени,“ советува таа.

шест

И покрај нејзината работа, Ејми била изневерувана во минатото.

,,Мојот сопруг ме изневеруваше со многу помлада жена. Се чувствував ужасно некое време, но сфатив дека не ми треба. Не се обвинував себе си”, вели Ејми.

Како што таа тврди, ако нејзиното момче или сопруг повторно ја изневерат, не би ѝ било гајле. Таа е самоуверена, секси и авантуристички настроена. Таа напорно вежба и често е на диета, а таа секако оди на естетска процедура одвреме-навреме за да ги поправа недостатоците и да стекне самодоверба.

„Измамниците се повозбудени во креветот, најмногу затоа што не се задоволни со години, па се подготвени да направат сè што е потребно за да ме вклучат“, објаснила Ејми.