Професионална љубовница ја откри својата тајна! Ги киднапира туѓите сопрузи и живее како бог – неколку стотици мажи не и оддолеале

Гвинет Ли (55) која со години живее со оженети мажи, ја откри тајната – како успева да ги заведе мажите.

Гвинет Ли е професионална љубовница која е специјализирана за запознавање партнери преку интернет страници за запознавање.

Таа неодамна во едно интервју откри дека постарите мажи повеќе не и се толку интересни, и дека сака да се забавува со помлади мажи.

Постарите партнери веќе не ме интересираат

 – Отсекогаш сум била со мажи постари од мене, но тие станаа премногу стари за мене – изјавила Гвинет и додала дека постарите партнери почнале да ја заморуваат.

Гвинет во текот на кариерата добивала луксузни подароци како автомобили и егзотични патувања, но сега тоа веќе не и е приоритет.

Сакам нови искуства

 – Не ми треба некој да ми купи куќа или да ми дава скапи работи. Сега сакам помлади мажи, оние со фит тело, тетоважи и брада, кои можат да ми дадат нови искуства – објаснила Гвинет.

Таа изјавила и дека пресвртниот момент во нејзиниот живот се случил кога запознала 39-годишен маж.

 – Ме контактираше преку социјалните мрежи, ме покани на ручек, а тоа се претвори во ноќ во луксузен хотел. Немаше подароци или очекувања, само добра храна, разговор и неверојатно искуство. Тие не ја забележуваат мојата возраст или брчките, но го ценат моето искуство. Тоа не сум го доживеала со постари луѓе – признала Гвинет.

Љубовницата само се забавува

Професионалниот киднапер на сопругот ја откри својата тајна, како и фактот дека оваа година не и требале подароци за Божиќ:

 – Никогаш не се зближувам премногу со маж. Не сакам да го заземам местото на жената, љубовницата има друга улога. Не сакам да им станам компликација. Животот на љубовница за мене е живот за забава. Не сакам подароци, туку пријателства со помлади мажи. Јас ќе бидам нивна госпоѓа Клаус, а нека победи најдобриот елф – открила Гвинет, пренесува Мирор.