Профитот на Адидас лани изнесуваше 1,34 милијарди евра: Причината за ова е одличната продажба на ретро модели

Адидас изненадувачки го зголеми профитот минатата година, на 1,34 милијарди евра, а причина за тоа е одличната продажба на ретро модели.

Ова првенствено се однесува на продажбата на ретро модели на патики Samba и Gazelle, а особено добра продажба имаше за време на Божиќ. Во 2024 година, вториот најголем светски производител на спортска облека, обувки и опрема од Германија ги надмина своите очекувања. Зголемувањето на добивката изнесува 268 милиони евра.

Бјорн Гулден, извршен директор на Адидас, неодамна објави проценка дека оперативната добивка ќе изнесува 1,2 милијарди евра. Според тоа, тој изрази задоволство што резултатите се многу подобри од очекуваното. Продажбата порасна на 23,7 милијарди евра, што исто така беше повеќе од очекуваното.

Само во последниот квартал од минатата година порасна на шест милијарди евра или за 24 отсто, што е за 19 отсто повеќе од проценетото. Гулден очекува раст и оваа година. Оптимизмот позитивно се одрази на вредноста на акциите на Адидас – привременото зголемување на вредноста на акциите изнесува 6,5 отсто. Овој раст е највисок во последните три години, пренесува tagesschau.