Процвета по разводот: Џесика Алба (44) во минијатурно бикини покажа тело кое ве остава без здив!

Џесика Алба уживаше покрај базенот и го покажа своето заносно тело.

Филмската ѕвезда го покажа своето запечено тело во црвено бикини додека уживаше во сончевото попладне покрај базен во Мајами со пријателка, барајќи освежување од летната жега. Актерката покажа дека сè уште изгледа неверојатно на 45-годишна возраст.

Џесика Алба

Само два дена претходно, таа беше фотографирана на плажа со својот пресладок седумгодишен син, Хејс Алба Ворен. Сето ова доаѓа само неколку месеци откако таа и нејзиниот 
поранешен сопруг Кеш Ворен поднесоа барање за развод, а веќе се шират гласини дека таа се забавува со актерот Дени Рамирез. Ѕвездата од филмот „Капетан Америка“ е 11 години помлада од Алба, а тие беа видени заедно неколку пати, вклучително и кога се враќаше од Мексико во Лос Анџелес.

Инаку, Алба и Ворен се венчаа во мај 2008 година, а по разводот останаа во пријателски односи. Исто така, познато е дека побарале заедничко старателство над децата.

@najzena.rs Megan Markl nije raskinula sa bivšim pre prvog sastanka sa Harijem  #zena #najzena #fyp #fypシ゚ #foryoupage #foryou #viralvideo ♬ original sound – Najzena.rs