Во седум општини од југоистокот, утре и вчетврток ќе се врши теристичка дезинсекција против возрасни комарци, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион.
Утре. во периодот од 20:00 часот до полноќ, ќе се прска во општините Конче, Валандово и Дојран, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога ќе бидат подобрени временските услови.
Од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодите кога ќе се прска.