– Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт и француски репрезентативец Рандал Коло Муани би можел по завршување на сезоната да потпише договор со ПСЖ, објави денеска весникот „Паризиен“.
Муани (24) лани дојде во Ајнтрахт без обесштетување, откако му истече договорот со Нант, а според францускиот весник, ПСЖ е подготвен да го донесе во своите редови и за тоа да му понуди на германскиот клуб 100 милиони евра.
Муани одигра три натпревари за Франција на Мундијалот во Катар и постигна еден гол.
Во финалниот натпревар Муани се најде во стопроцентна шанса за гол во завршните моменти од второто продолжение, но чуварот на мрежата Емилијано Мартинез со нога го одбрани неговиот обид, а Аргентина во пенал серијата која уследи беше поуспешна од Франција и ја освои светската титула.