ПСЖ СЕ ОГЛАСИ – Французите ја прифатија понудата од 300 милиони од Саудиска Арабија: Килијан Мбапе ќе биде најскапиот играч во историјата на фудбалот!

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, во клубот Ал Хилал од Ријад.

Светските медиуми претходно објавија дека Ал Хилал испратил понуда до Пари Сен Жермен вредна 300 милиони евра за една година.

Како што дознава The Sun, францускиот клуб ја прифатил оваа понуда, и му дал дозвола на арапскиот клуб да разговара со играчот за неговите услови.

Килијан Мбапе има уште една година од договорот со парижаните. Неговата желба е да замине во Реал Мадрид, но клубот не му дозволува. Компромисот може да биде Килијан Мбапе да помине една година во Саудиска Арабија, а Ал Хилал му нуди неверојатни 700 милиони евра за една година!

Трансферот на Килијан Мбапе би го надминал рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Со тоа Килијан Мбапе би станал најскапиот играч во историјата на фудбалот.