ПСЖ смисли брилијантна провокација за Ливерпул по уште еден загубен трофеј

Пари Сен Жермен го исфрли Ливерпул од Лигата на шампионите, а потоа на многу интересен начин го исмеа својот ривал со објава на социјалните мрежи по последниот пораз од Ливерпул.

„Црвените“ од „Енфилд“ останаа без шанса за само неколку дена да освојат два трофеи. Тие беа поразени од ПСЖ во Лигата на шампионите, додека во финалето на англискиот Лига куп вчера беа поразени од Њукасл, со што го пропуштија планираниот трофеј.

Њукасл победи со 2-1 со головите на Ден Бурн и Александар Исак, со што го освои својот прв официјален трофеј по долго чекање од 70 години.

ПСЖ со ентузијазам ја прими веста, а потоа на брилијантен начин го „боцна“ Ливерпул.

Имено, еден навивач на Ливерпул во вчерашното финале носеше шал на својот клуб и капа на ПСЖ. Парискиот клуб ова го дочека со ентузијазам и објави хит порака на социјалните мрежи.

„Ако не можете да ги победите, придружете им се“, беше објавено на официјалниот сајт на ПСЖ, а објавата предизвика бројни позитивни реакции, како кај навивачите на клубот, така и кај неутралните.

Секако, алузијата е на тоа дека навивачот на Ливерпул почна да навива за ПСЖ откако овој тим успеа да победи во осминафиналето од Лигата на шампионите.