Психологот тврди дека ниеден пар не треба да ги изговара овие фрази за среќна и успешна врска

Начинот на кој комуницираме во односите има огромно влијание врз довербата, блискоста и безбедноста. Иако најчесто не сакаме да ја повредиме личноста за која се грижиме, понекогаш несвесно кажуваме реченици кои оставаат трага. Некои фрази изгледаат безопасни, но со текот на времето можат сериозно да ја оштетат врската. Еве четири кои, според психологот Марк Траверс, треба да се избегнуваат.

1. „Престанете да бидете толку чувствителни“

Оваа реченица не само што омаловажува нечии чувства, туку и му кажува дека се премногу интензивни или „погрешни“. Со текот на времето, тоа може да создаде несигурност и емоционална дистанца во врската.

„Емоционалното отфрлање може да ги активира одбранбените одговори во нервниот систем, како што е исклучување или повлекување од врската, бидејќи тоа се доживува како закана“, објаснува Траверс за Psychology Today.

2. „Добро сум“ (кога навистина не си)

„Кога велите „добро сум“ кога тоа не е точно, испраќате порака дека искрените разговори не се пожелни. Наместо поврзување, се гради ѕид на тишина. Потиснувањето на емоциите во односите води до помало задоволство и поголемо чувство на осаменост, особено кај жените, кои потоа почесто доживуваат емоционална дистанца“, тврди психологот.

3. „Прави што сакаш, не ми е гајле“

Оваа реченица можеби звучи како излез во момент на лутина, но за вашиот партнер може да значи дека повеќе не ви е грижа.

,,Тоа е форма на активно емоционално повлекување. Активното повлекување во конфликти е поврзано со помало задоволство од врската и почесто повторување на конфликтот. Ваквите реченици даваат впечаток дека одлуките на партнерот повеќе немаат значење”, истакнува Траверс.

4. „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш не…“

Кога ги користиме овие фрази, не решаваме конкретен проблем, туку ја означуваме личноста како виновник.

„Ова води до одбранбени реакции и прекини во дијалогот. Фразите како „секогаш“ и „никогаш“ ги засилуваат лошите конфликти бидејќи изразуваат обвинувања и непријателство, наместо да поттикнуваат решавање проблеми и меѓусебно разбирање“, заклучува психологот.