Откако се дозна дека ученичката Вања Ѓ. е пронајдена мртва во близина на Велес многумина се запрашаа како ќе се одвива наставата во училиштето во кое до пред некое време таа таму беше ученик.
Во врска со ова, денес се огласи и ОУ ,,Ј. Х. Песталоци” – Скопје, кое преку својот фејсбук профил соопшти како се одвивала наставата денес.
Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје
,,Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување.
Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.
Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.
Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје”, пишува на фб страната на училиштето.
Да потсетиме, на 27.11 околу 8:30 мајката на Вања го пријавила нејзиното исчезнување во соодветните институции. Нејзиниот татко пријавил неколки часа подоцна. Додека цела Македонија и регионот цела недела трагаа по Вања, од МВР вчера соопштија дека телото на Вања заедно со телото на фризерот од Велес се пронајдени закопани во село Бразда, Велес.
Нарачател и извршител на двојното убиство е монстpумот Љупчо Палевски а му помагале уште три лица.
Таткото на Вања, Александар Ѓ, исто така е вмешан во овој грозоморен чин кој им ги дал сите информаци за тоа каде и во колку часот се движела неговата ќерка.