Психопатијата е растројство на личноста кое се карактеризира со манипулативно однесување, недостаток на емпатија и склоност кон измама.
Способноста да се препознаат овие особини е од клучно значење бидејќи психопатите можат да бидат шармантни, харизматични и многу вешти да го сокријат своето вистинско јас, вели психологот Арбер Кадриу за „Градска.мк“. Според него постапките на лицата вмешани во убиството на 14-годишната Вања, како и случајот во Приштина кога мајка беше убиена пред очите на нејзините деца ги надминуваат делата и на манијакот, што според него е екстремно ментално растројство.
„Се работи за психоманија на лицата кои со варварско организирање против една малолетничка навистина е за жал и не е човечко, уште полошо е кога разбираме дека ова се случува и од родители со цел профитирање на одредени финансиски средства. Од ова разбираме дека се работи за екстремно ментално растројство на овие лица кои ја надминуваат фазата на манијакот без разлика дали ќе се повреди некој, или во конкретниот случај убиство на дете“ рече Кадриу за „Градска.мк“.
Граѓаните се во шок и не верување по убиството на Вања, но сепак сметат дека ова е изолиран случај и веруваат во системот и не мислат дека е нарушена нивната и безбедноста на нивните најблиски, се покажа од анкетата на „Градска.мк“.