Во врските не е секогаш лесно да се направи разлика помеѓу вистинска и лажна љубов. Врска без вистинска поврзаност може да донесе чувство на несигурност, емоционална дистанца и недостаток на заеднички напор. Некои знаци јасно укажуваат дека врската можеби не е онаква каква што треба да биде. Психотерапевтката Маја Ушиоко сподели неколку знаци кои откриваат дека љубовта во врската не е вистинска.
Ви недостасува емоционална блискост
„Без емоционална блискост, врската останува површна, без вистинска интимност или раст. Нема простор за поврзување или за заеднички развој како двојка“, објаснува Ушиоко во објава на Инстаграм.
Партнерот е во „зоната на удобност“, а не е заљубен
„Ако чувствувате дека вашиот партнер е во врска од навика, а не од вистинска љубов, честопати се чувствувате несигурно и како постојано да сте на работ на пропаст“, истакнува психотерапевтот.
Вашиот партнер покажува повеќе љубов пред другите отколку насамо
Изразувањето чувства главно на социјалните медиуми или пред други луѓе, а во исто време недостатокот на вистинска интимност приватно, може да укажува дека чувствата не се автентични.
Постојано чувство на нестабилност и закана од прекин
Ако врската постојано изгледа дека е на работ на раскинување, тоа би можело да биде показател за лажна „љубов“, тврди Ушиоко.
Партнерот не се труди да направи компромис
Врската и компромисот одат заедно. „Ако вашиот партнер не се потруди да ви излезе во пресрет на половина пат, тоа е знак на незаинтересираност и недостаток на волја за заеднички раст“, вели психотерапевтот.
Ако ги препознаеме овие знаци во нашата врска, можеби е време повторно да процениме колку навистина сме исполнети во таа врска.