Пукањето во Левистон стана 36-то МАСОВНО УБИСТВО во САД за 2023 година – 188 ЖИВОТИ ЗАГУБЕНИ

Од јануари, Америка е сведок на вториот најголем број масовни убиства и најголем број жртви во една година.

Пукањето во средата навечер во Левистон, Мејн, го означува 36-то масовно убиство во САД оваа година.

Најмалку 188 луѓе ги загубија животите во тие престрелки , според базата на податоци што ја одржуваат агенцијата и USA Today, во партнерство со Универзитетот Нортвестерн .

Статистиката се однесува на инциденти во кои во период од 24 часа се убиени најмалку четири лица, не вклучувајќи го убиецот, што е дефиниција што ја користи ФБИ.

Од јануари, Америка е сведок на вториот најголем број масовни убиства и најголем број жртви во една година.

Само во 2019 година имаше повеќе масовни убиства.

Од 2006 година, имаше повеќе од 560 масовни убиства во САД, при што загинаа повеќе од 2.900 луѓе, а беа повредени најмалку 2.000.