Пукање во Америка! Ученичка убила професорка и друг ученик па се самоубила (фото/видео)

Шокантни информации доаѓаат од американскиот Висконсин, каде што вкупно три лица загинаа во пукање во христијанско училиште.

Имено, убиецот е девојче – изјави за Си-Ен-Ен полициски функционер запознаен со случајот.

profimedia-0947501926.jpg

Станува збор за тинејџерка која учела во тоа училиште.

Таа убила наставник и ученик, а на крајот си го одзела животот. Има повеќе повредени.

Пукањето се случило во христијанското училиште „Изобилство на живот“ во Медисон, главниот град на американската сојузна држава Висконсин.

Шефот на полицијата Шон Барнс изјави дека семејството на девојчето кое го предизвикало крвопролевањето соработува со полицијата.

Полицијата претходно соопшти дека „убиецот бил пронајден мртов во училиштето“.