Пукање во Белград! Напаѓачите отвориле оган од автомобил, едно девојче е рането – Крвава ликвидација во раните зори
Маж е убиен рано утринава пред неговата куќа во Улица Радослава Игњатовиќ во Калуѓерица, Белград.
Според неофицијални информации, станува збор за Никола Станковиќ или Пивце.
Во пукањето е рането едно девојче.
Изворот тврди дека напаѓачите пукале од автомобилот, по што побегнале.
Никола Станковиќ беше уапсен во 2019 година под сомнение дека го претепал фудбалерот Алекса Терзиќ.
Тој и претходно и’ бил познат на полицијата по бројни кривични дела.
– Познат е по грабежи, кражби, насилничко однесување, дрога, оружје и нанесување тешки повреди – изјави тогаш извор за српскиот портал Курир.