Рано утрово во германскиот град Бад Наухајм, во близина на Франкфурт, се случи пукање во кое загинаа две лица. Локалната полиција сè уште трага по напаѓачот, но не се исклучува можноста да има повеќе насилници.
Според Билд, утринава околу 5:40 часот дошло до пукање во градот со 33.000 жители.
Полицијата веднаш го затвори овој дел од градот и распореди хеликоптер во потрага по еден или повеќе напаѓачи.
На местото на настанот се пронајдени две безживотни тела со рани од куршуми, но нивниот идентитет се уште не е откриен.
„Истрагата е во тек. Во моментов е невозможно да се проценат резултатите и исходот од оваа истрага“, изјавила локалната полиција за Билд.
Полицијата упати и предупредување до граѓаните дека „не прифаќаат автостопери“, но дека во самиот град нема опасност и дека можат слободно да се движат.
Престрелката се случила пред станбената зграда. Се уште нема конкретни информации за сторителите, ниту за мотивот зад оваа пукање.