ПУКАЊЕ ВО ГРЦИЈА, ШЕСТ МРТВИ – Тројца застрелани во автомобил, тројца во куќа! Изгласана тревога, силни полициски сили на терен во Атина

Во населбата Артемида бо главниот град на Грција, Атина, избила престрелка при што животот го загубиле шест лица.

Според првите информации дошло до пукање со трагичен исход, при што три лица загинале во автомобил, додека три биле во куќа во споменатата населба.

Според локалните медиуми, станува збор за одмазднички напад.

Изгласана е тревога во главниот град на Грција, додека на терен се силни полициски сили.

Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен. Наскоро повеќе информации…