ВИДЕО | “ДОБРЕДОЈТЕ ВО БЕЛГИЈА!“ – Сопственикот на авио-компанијата Ryanair сакал да се побуни против Европската комисија, па ненадејно добил торта в лице – погледнете!

Мајкл О’Лири, извршен директор на ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair, доби многу грубо добредојде во Брисел откако во фаца доби две торти додека стоеше покрај картонскиот модел на Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.

Торта
Мајкл О’Лири

The Guardian пишува дека двајца еколошки активисти му фрлале торта во лице додека Мајкл О’Лири се подготвувал да протестира пред зградата на Европската комисија против серијата штрајкови организирани од контролорите на летање во ЕУ.

На тој начин му нанеле штета на неговата авиокомпанија, која е најголема по бројот на превезени патници во категоријата нискобуџетни.

Торта
Мајкл О’Лири

Добредојдовте во Белгија“, извикал еден од активистите и му залепил торта во лице, за веднаш да притрча друг и да го стори истото, порачувајќи му на Мајкл О’Лири да престане со загадувањето од авионите.

Споменатиот весник наведува дека првиот човек на Ryanair сака публицитет, па само се насмеал на оваа случка и му рекол на соработник да му ја земе јакната да ја исчисти.