ПУКАЊЕ ВО СКОПСКО – 43-годишен човек лишен од слобода во Студеничани: Повредено едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје попладнево околку 17 часот го лишиле од слобода Н.Е. (43 г.) од скопското село Батинци. Тој пред тоа во село Студеничани пукал од огнено оружје кон Б.Р од Батинци.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Б.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во болница за укажување на докторска помош.

СВР Скопје работи на расчистување на случајот.