Израелската амбасада во Стокхолм е затворена по пукање во близина на амбасадата рано утринава, јавија локалните медиуми.
Претставникот на шведската полиција Пер Фалстром за весникот Екпрезен изјави дека полициска патрола слушнала истрели во близина на израелската амбасада, за кои се сомневале дека се од огнено оружје.
Покрената е прелиминарна истрага, а Фалстром за медиумите изјави дека се приведени неколку лица, без да даде повеќе детали, пишува „Тајмс оф Израел“. Фалстром не коментираше дали амбасадата била цел на пукањето.
Областа беше опколена веднаш по 02:00 часот, а во полицискиот извештај објавен во 6:30 часот беше наведено дека истрагата покажала дека имало истрели во областа.
Израелското Министерство за надворешни работи се уште не излезе со соопштение во врска со овој настан.
🚨🇮🇱🇸🇪BREAKING: GUNFIRE REPORTED NEAR ISRAELI EMBASSY IN STOCKHOLM
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 17, 2024
The embassy was sealed off after loud bangs, suspected to be a firearm, were heard by a police patrol.
Police confirmed a shooting had taken place, and they remain at the embassy searching for traces of gunfire.… pic.twitter.com/WwhRvHQ49g