Пукање во училиште во Финска: тешко повредени деца 

Тројца ученици се повредени денеска во пукање во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки, а осомничениот за нападот е уапсен и тој е малолетник, соопшти финската полиција.

Повредени се и малолетници, а засега не се знае колку се сериозни нивните повреди, пренесува финскиот јавен сервис Иле.

Училиштето го посетуваат околу 800 ученици од прво до деветто одделение, а во него работат околу 90 лица.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат набљудувачите да се држат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се вели во полициското соопштение.

Oсомничениот е уапсен во брза полициска акција во близина на училиштето, се наведува во соопштението за печатот на финската полиција.

Се наведува дека напаѓачот е малолетник.