Пукање на границата меѓу Јужна и Северна Кореа: Погрешен чекор на војниците на Ким создаде хаос!

Јужна Кореја соопшти дека околу десет севернокорејски војници кои ја преминале границата се вратиле на територијата на нивната земја откако јужнокорејската војска испукала предупредувачки истрели.

kim01 AP .jpg

Во соопштението се додава дека Јужна Кореја внимателно ги следи активностите на Северна Кореја.

Северна Кореја продолжува да тестира оружје и ги игнорира „предупредувањата“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп неколку пати изјави дека ќе допре до севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Северна Кореја не одговори на забелешките на Трамп и рече дека непријателствата со САД се продлабочиле по неговата инаугурација.