Путинфлација! Русија тоне во рецесија, граѓаните го добија ова предупредување, ситуацијата е сериозна!
Новите западни санкции, послабата рубља и пониските земјоделски приноси ја притиснаа инфлацијата во Русија на речиси 10 отсто. Имено, овие фактори се главната причина за високата инфлација во декември 2024 година и јануари 2025 година, предупреди во вторникот Руската централна банка.
Инфлацијата во Русија лани била 9,52 отсто, додека во 2023 година била 7,42 отсто. Сепак, целната стапка на централната банка е 4 проценти.
Ниту Владимир Путин повеќе не може да ја негира сериозноста на ситуацијата.
На неговата годишна прес-конференција кон крајот на декември 2024 година, тој беше принуден да признае дека високата инфлација е „алармантен сигнал“ . Цените на храната во Русија толку многу се зголемија што одредени производи сега се затворени во супермаркетите.
Инфлацијата стана најголемиот економски предизвик откако Путин ја започна својата брутална војна против Украина во февруари 2022 година. Руската централна банка е загрижена и повикува на строго штедење.
Главната причина за економскиот колапс на Русија е воената економија што вештачки го стимулира растот.
Монетарните власти предупредуваат дека веќе не е возможно да се одржуваат високи стапки на раст во средина каде работната сила и производствените капацитети се ограничени.
Дополнителните стимулации би ја турнале економијата во рецесија.