Путин ги обвини западните служби за немири во Дагестан: На американските елити и нивните сателити не им треба траен мир на Блискиот Исток
Рускиот претседател Владимир Путин одржа средба во Ново-Огарево со шефовите на руските безбедносни структури на која разговараше за немирите во Дагестан и ситуацијата на Блискиот Исток.
Путин рече дека немирите што се случија во неделата се испровоцирани преку социјалните мрежи на Украина и со посредство на западните разузнавачки служби.
– Не сум сигурен дека високите ментори на Киев знаат што прават нивните одделенија, кои поттикнуваат погроми во Русија – рече Путин.
Претседателот на Руската Федерација, исто така, истакна дека руските разузнавачки агенции и органите за спроведување на законот мора цврсто да дејствуваат во заштитата на уставот на земјата. Путин им порача на шефовите на регионот и на безбедносните сили да дејствуваат навремено за да се заштити меѓуетничката и меѓуверската хармонија.
– Гледаме дека на Блискиот исток наместо да ги казнуваат терористите, почнаа да го слават принципот на колективна одговорност – изјави шефот на руската држава.
Тој додава дека многумина се обидуваат да ја искористат ситуацијата на Блискиот Исток за да создадат поделби, вклучително и употреба на лаги, провокации и агресија.
– Кога гледате крвави, мртви деца, страдањата на постарите, смртта на лекарите, ви се стегаат тупаници – нагласи Путин.
Вашингтон, како што истакна Путин, сака да ги задржи и дестабилизира своите конкуренти прсвејќи хаос. Ова исто така важи и за ситуацијата на Блискиот Исток каде што САД ги дискредитираат оние кои се подготвени да го запрат крвопролевањето.
– Американскиот свет со еден хегемон се урива и постепено станува минато, но државите не сакаат да се согласат со тоа – објасни Путин.
АМЕРИКАНСКИТЕ ЕЛИТИ И НИВНИТЕ САТЕЛИТИ ГЛАВНИ КОРИСНИЦИ НА ГЛОБАЛНАТА НЕСТАБИЛНОСТ
Според него, американските елити и нивните сателити се главните корисници на глобалната нестабилност.
– Ним не им треба постојан мир во Светата земја, потребен им е постојан хаос на Блискиот Исток, затоа прават сè за да ги дискредитираат земјите кои инсистираат на итен прекин на огнот во Појасот Газа за да се запре крвопролевањето и се подготвени да придонесат за решавање на кризата. Дури и позицијата на ОН, јасно изразениот став на светската заедница, е предмет на напади, вистински прогон и обиди за нејзино дискредитирање – рече Путин.
Владимир Путин, исто така, нагласи дека никогаш немало личен интерес или двојно аршини во позицијата на Русија на Блискиот Исток.
– Отворено го искажавме и изјавуваме нашиот став и тој не се менува од година во година. Клучот за решавање на конфликтот е создавање на суверена, независна палестинска држава, односно полноправна палестинска држава – рече претседателот на Русија.
Путин исто така нагласи дека колку е пообединето руското општество, толку поефективно државата ќе може да ги брани своите национални интереси и интересите на оние народи кои станаа жртви на западните неоколонијални политики.