Путин го испратил својот двојник за да го посети Мариупол? „Еден детаљ најдобро го покажува тоа“

Рускиот претседател Владимир Путин викендов ненадејно ги посети окупираните области на Украина и на тој начин ги подгреа сомнежите дека всушност не се работи за вистинскиот Путин, туку за неговиот двојник.

Критичарите укажуваат на еден дел од неговото тело што го потврдува тоа – неговите уши.

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, опколениот украински град што Путин го посети, на Телеграм напиша: „Путин или еден од неговите двојници е во ноќна посета на окупираниот регион”.

Написот беше објавен од „Вашингтон пост“, но подоцна беше ажуриран за да се отстранат сомнежите дека всушност во Мариупол Путин го има испратено својот двојник. Сепак, „Пост“ не е првата публикација што ја спомнува можноста Путин да има двојник, а сега на тоа се осврна и „Бизнис инсајдер“.

,,Иако сето тоа звучи прилично лудо, навистина не е тајна дека јавните личности понекогаш користат ,,двојници” за одредени појавувања”, напиша Бизнис Инсајдер.

Во интервју за Дејли Мејл, шефот на воената разузнавачка служба на Украина, генерал-мајор Кирил Буданов, сугерираше дека рускиот претседател користи цел тим од двојници за да го прикрие губењето на контролата во Кремљ. Двојниците, рече Буданов, порано го менуваа Путин само во посебни прилики, но по инвазијата на Украина тие станаа вообичаена практика.

„Конкретно знаеме за три лица кои постојано се појавуваат, но не знаеме колку се вкупно“, изјави Буданов за весникот во октомври.

,Сите направија пластична операција за да личат на Путин“, изјави тој.

Тој додаде дека една од работите што ги издава е висината.

„Тоа е видливо на видеата и сликите. Ќе ги спомнам и гестикулации, говорот на телото и ушите бидејќи тиенсе различни кај секој човек“, објасни Буданов.

Тој тврди дека увото на секоја личност е уникатно. Од 1950-тите, форензичарите користеле мерења на ушите за да ги идентификуваат осомничените, а ушите идентификувани со софтвер може да бидат уште подобар идентификатор од отпечатоците од прсти.

„Како што старееш, увото не ти се менува – само станува сè поголемо“, изјави за Би-Би-Си Марк Никсон, експерт за компјутерска визија на Универзитетот во Саутемптон и водечки истражувач во препознавање уши.

Напредокот во технологијата за 3D скенирање овозможува да се идентификува личност дури и од матна слика со мерење на растојанието од лобусот до две точки на горниот раб на увото, со 99,6% точност за само 0,02 милисекунди.

Минатиот месец, ,,Newsweek: објави гласини дека самиот украински претседател Володимир Зеленски користел двојник додека траела средбата со американскиот претседател Џо Бајден за време на посетата на Бајден на Украина.

На видеото на севернокорејскиот врховен водач Ким Џонг Ун, направено во 2017 година, се гледа како диктаторот разговара со двајца идентично облечени двојници, објави тогаш ,,Њујорк пост”.