Путин денеска ќе и се обрати на нацијата, пристигнати се две милиони прашања

Ќе бидат присутни и странски медиуми
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи годишната прес-конференција на 14 декември. Конференцијата започнува во 10 часот.

Два милиони прашања за Путин пристигнаа во телефонскиот центар , специјално отворен за овој настан. Вечерта пред конференцијата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека претседателот на Русија и вчера и денеска одржал средба со раководството на администрацијата со цел да се подготви што е можно подобро.

Според Песков, голем е бројот на оние кои едноставно се јавуваат да му изразат поддршка на Путин без никакво конкретно прашање.

– Ги има многу. Граѓаните кои се јавуваат покажуваат консолидација на општеството околу идеите на Путин и неговата кандидатура за претседател –  рече тој.

Граѓаните на Русија најмногу се заинтересирани за одговори на прашањата за специјалните воени операции , ситуацијата на меѓународно ниво , но и медицината , образованието , комуналните услуги и прашањата за спортот .

Песков рече дека големата прес-конференција и директната линија (со Путин) немаат однапред одреден и јасен тајминг. Секогаш е значаен настан кој трае долго, рече тој. Тој додаде дека ќе бидат присутни и странски медиуми, како од пријателски, така и од непријателски земји.