Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со африканските лидери во Санкт Петербург, изјави дека Москва го поздравува нивниот балансиран пристап кон конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија е отворена за дискуси.
– Отворени сме за конструктивен дијалог со сите кои сакаат мир заснован на принципите на правдата и разгледување на легитимните интереси на страните (во конфликтот), истакна Путин.
Африканската делегација предводена од претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса пристигна во Русија откако вчера во Киев разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја одби нивната понуда за посредување.
– Да има преговорите со Русија сега, кога окупаторот е на нашата земја, значи замрзната војната, замрзната болка и страдање, наведе Зеленски на вчерашната прес-конференција со африканските лидери.
Претседателот на ЈАР посочи дека чувствува дека е важно внимателно да се слуша што имаат да кажат претставниците на двете земји.
Рамафоса ја предводи африканската делегација составена претседателите на Сенегал, Замбија и Коморски Острови, Маки Сал, Хакаинде Хичилема и Азали Асоумани, египетскиот премиер Мустафа Мадбули и специјалните пратеници на претседателот на Република Конго и поранешниот премиер на Уганда, Рухакана Ругунда.
Посредувањето на африканските лидери е во момент кога се одвива украинската контраофанзива.