Путин е подготвен да преговара со Украинците!? Шокантен пресврт од руска страна, Кремљ објави важна вест! Претседателот на Русија навести сè, но многумина не веруваа
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатералната процедура за дискусија за ненапад врз цивилни цели, се однесува конкретно на преговорите со Украина.
– Можна дискусија, кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање цивилни цели, вклучително и билатерално, тој конкретно мислеше на преговори и дискусии со украинската страна – рече Песков.
Песков посочи дека Путин претходно неколку пати зборувал за неговата подготвеност за преговори со украинската страна.
Путин претходно денеска изјави дека Русија ќе го анализира предлогот на Украина да не се гаѓаат цивилни цели.
– Тоа треба да се среди, тоа е тема за темелно проучување, можеби дури и билатерално – рече Путин.