„Путин е подготвен, сите се подготвени… ги чекаме сигналите!“ Песков ја најави Песков средбата меѓу рускиот претседател и Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за контакт со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, Москва чека сигнали и навремено ќе ја информира јавноста за можен разговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Слушајте, Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени – рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали очекува контакти меѓу претседателите на Русија и САД овој викенд, додавајќи дека е „тешко да се предвиди“ што ќе се случи, објави агенцијата.

Песков, исто така, рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите кои живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина.

Песков, исто така, рече дека е неопходно да се продолжат преговорите за контрола на оружјето со САД што е можно поскоро.

– САД го прекинаа своето учество и всушност го поткопаа постоењето на оваа правна рамка. Затоа, во интерес на целиот свет и на луѓето од нашите земји, ние сме заинтересирани преговарачкиот процес да започне што е можно поскоро – рече Песков во одговор на прашањето дали зборовите на Трамп дека на крајот од претходниот претседателски мандат тој беше блиску до договор со Русија за намалување на нуклеарниот арсенал и дали Русија сега е подготвена повторно да разговара за тоа.

Песков го коментираше повикот на Трамп до ОПЕК, наведувајќи дека конфликтот во Украина не зависи од цената на нафтата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека има намера да побара од ОПЕК, а особено од Саудиска Арабија, да ја намалат цената на нафтата, бидејќи смета дека тоа може да помогне да се стави крај на конфликтот во Украина.

– Овој конфликт не зависи од цените на нафтата – изјави Песков пред новинарите како одговор на прашање во врска со изјавата на Трамп.