Путин за малку ќе предизвикаше сообраќајка на автопат: Ја тестираше новата „лада“ и ги прекрши прописите! (ВИДЕО)
Рускиот претседател Владимир Путин за малку ќе предизвикаше несреќа денеска додека ја тестираше „ладната аура“ на отворањето на новата делница од автопатот М-11во регионот Твер.
Тој додека го управувал автомобилот направил грешка при возење. На видеото се гледа како Владимир Путин облечен во сина кошула без панцир вози нов модел на автомобил, но за малку ќе доживее несреќа на патот.
Рускиот претседател беше фатен на камера како вози црна Лада Аура на автопатот М-11 што ги поврзува Москва и Санкт Петербург – двата најголеми градови во Русија – врти десно за да го заобиколи белиот шатор на патот, но не даде десен жмигавец – се враќа назад во лентата, поради што автомобилот со неговото обезбедување, кој се движел зад него, за малку ќе удрил во задниот дел од лимузината на претседателот.
Прво појавување по атентатот на Трамп
Ова е прво јавно појавување на рускиот претседател по обидот за убиството на претседателскиот кандидат Доналд Трамп. По кратко возење, претседателот излегол од возилото и веднаш бил опколен од неколку агенти на службата за безбедност.
Еден од неговите чувари му додал јакна додека излегувал од автомобилот, но набљудувачите забележале дека Владимир Путин, кој бил без вратоврска, не носи панцир, како што претходно се тврдеше.
Друг чувар носеше црна актовка, веројатно како склоплив штит за да го заштити рускиот претседател од потенцијални куршуми, пред да им се обрати на работниците кои работат на автопатот.