– Руското земјоделство покажува неверојатен успех, а извозот на жито често ја надминуваше продажбата на оружје, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Ние сме горди на успесите на оние што работат во земјоделството, едноставно тие се неверојатни. Не можевме ни да замислиме дека нашиот извоз на земјоделски производи ќе биде многукратно поголем од извозот на оружје“, рече тој на средбата со активистите од изборната кампања во Москва.
Како што истакна Путин, побарувачката на храна дури предизвикала некои логистички проблеми бидејќи руските пристаништа биле изградени за да примаат жито, а не за да го продаваат. „И сега сме прва земја во светот што извезува пченица“, рече тој.
Земјоделскиот комплекс на Русија станува сѐ повисоко технолошки и модерен, но има нерешени прашања, како што е животниот век, кој во руралните области е сè уште понизок од националниот просек, рече тој и додаде: „И тоа значи дека има многу што да се реализира во селата.“
Рускиот претседател им се заблагодари на активистите од кампањата за нивната поддршка на минатонеделните претседателски избори, велејќи дека неговата победа е „вовед за понатамошни победи“.
„Победата на изборите е само вовед кон тие победи што толку многу ѝ се потребни на Русија и тоа дефинитивно ќе се случи“, рече тој.
Путин, исто така, изрази посебна благодарност до оние што работеле во регионите што се граничат со линијата на фронтот.
Руските претседателски избори, прво тридневно претседателско гласање во историјата на земјата, се одржаа од 15 до 17 март.