Путин: Имаме работа со крајно суров режим во Украина

 Русија во Украина има работа со режим кој е крајно суров, дури и кон сопствените граѓани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Кремљ со вршителот на должноста лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.

„За жал, во реалноста имаме работа со режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите“, рече Путин.

Тој рече дека целта на руските сили е да ги потиснат украинските сили на дистанца на која не можат да им наштетат на руските војници.

Путин нагласи дека руските сили имаат мисија да го прекинат гранатирањето на Донбас.

Пушилин истакна дека најитно е да се реши прашањето за гранатирање на Народна Република Доњецк.