– Претседателот на Русија, Владимир Путин во телефонскиот разговор со ерменскиот премиер на Ерменија, Никол Пашинјан ја потврди подготвеноста да продолжи да помага во составување на мировен договор помеѓу Ерменија и Азербејџан, соопшти Кремљ.
– Страните разговараа за ситуацијата околу Нагорно-Карабах, вклучително и прашањата за обезбедување непречено одвивање на сообраќајот низ коридорот Лачин, се посочува во соопштението.
Во разговорот било истакнато дека од клучно значење е доследно спроведување на целиот пакет договори што ги склучија лидерите на Русија, Ерменија и Азербејџан во периодот од 2020 до 2022 година.