„ПУТИН И ТРАМП ЌЕ ЈА СПРЕЧАТ ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА“ Дмитриев објави две фотографии

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе спречат Трета светска војна

Ова денес го изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.

„Сталин, Рузвелт и Черчил ја добија Втората светска војна. Путин и Трамп ќе ја спречат Третата светска војна“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.

Тој прикачи две фотографии под објавата, од кои првата, црно-бела фотографија, ги прикажува советскиот лидер Јосиф Сталин, 32-риот американски претседател Франклин Рузвелт и поранешниот британски премиер Винстон Черчил. 

Втората фотографија во боја ги прикажува Путин и Трамп , пренесува РИА Новости.