Путин на Ким му подари бесна лимузина а за возврат доби нешто што многу му се допаѓа: Покрај уметничките дела, пристигна и тие (фото)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му подари на рускиот претседател Владимир Путин пар кучиња од националната севернокорејска раса пунгсан, јавува севернокорејското радио „Гласот на Кореја“.

„Другарот Ким Џонг-Ун му подари на претседателот Путин пар кучиња пунгсан, националната раса на Северна Кореја, во градината на резиденцијата Кумсусан за почесни гости. Претседателот Путин изрази благодарност за овој подарок“, пренесува радиото.

Владимир Путин, Ким Џонг-ун, Северна Кореја

Лидерите, исто така, прошетаа низ градината, впуштајќи се во разговори исполнети со „чувство на пријателство и искреност“.

За потсетување, Путин на Ким Џонг-Ун му подари руска лимузина, сет за чај и кама, а севернокорејскиот лидер му подари на Путин различни уметнички дела, меѓу кои и бисти.