Путин на Советот за безбедност: Државите кои ѝ создаваат проблеми на Русија нема да успеат во своите намери

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера истакна дека земјите кои и’ создаваат проблеми на Русија нема да успеат во своите намери.

– Денеска ќе разговараме за мерките што ги преземаме и кои мора да ги преземеме за да ги надминеме тешкотиите што некои земји и’ ги создаваат на Русија. Досега не успеаја да ги постигнат целите што ја засегаа Русија. Убеден сум дека нема да успее во тоа – рече претседателот на состанокот на Советот за безбедност на Русија.

Како што соопшти Кремљ, на присутните прво им се обратил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, а на средбата присуствувале министерот за одбрана Сергеј Шојгу, претседателот на Думата Вјачеслав Володин, заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев, директорот на ФСБ Александар Бортников, директорот на странското разузнавање Сергеј Наришкин и други истакнати руски функционери.