Путин на средбата со Гроси: Русија е подготвена да направи се за да ја осигура нуклеарната безбедност

– Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да направи се за да ја обезбеди безбедноста на нуклеарната енергија. 

-Москва е подготвена да работи со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во сите области поврзани со нуклеарната енергија и е благодарна на агенцијата за реципрочните чекори за зајакнување на соработката, рече тој на средбата со директорот на МААЕ Рафаел Гроси, пренесуваат руските медиуми.

Путин и Гроси разговараа околу 50 минути во државната резиденција Бочаров Ручеи во Сочи. 

На средбата присуствуваше и генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихачев.