Путин не се одвојува од тоа! Протекоа информации од Кремљ: Еве што се крие под оделото – Зголемени безбедносни мерки
Како што одминува времето, според британските медиуми, Владимир Путин е сè повеќе параноичен. Според последните информации од Кремљ, рускиот претседател почнал да носи панцири на јавни настапи бидејќи е загрижен за својот живот и стравува од атентат, пишува DailyMail.
Двајца руски функционери и извор близок до Кремљ изјавија за „Москва тајмс“ дека специјалните служби на земјата „до невиден степен ги засилиле и онака строгите безбедносни мерки околу претседателот Владимир Путин“.
Кремљ е во состојба на готовност поради инвазијата на Путин на Украина, но и поради неодамнешните напади врз високи политичари во Европа и Азија.
Изворот исто така додаде:
– Кремљ многу сериозно ја сфаќа безбедноста на Владимир Путин. Заштитен е од цела армија видливи и невидливи чувари.
Во извештајот се тврди дека 71-годишникот носи заштитен елек на настани на отворено барем од почетокот на 2023 година.
Исто така, во пријавата е наведено дека тоа го прави по препорака на службата за обезбедување што го чува.
Извори потврдија дека тој носел панцир под јакната на 9 мај на Црвениот плоштад додека настапувал на големата парада на Денот на победата.