Путин отиде во црква да се моли за Трамп 

САД, Русија и Украина преговараат за прекин на огнот. Клучното прашање се териториите под руска контрола. Путин се молеше за Трамп по нападите во 2022 година и му подари портрет од познат руски уметник.

Специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф, кој неодамна се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, рече дека крајната цел на сегашната фаза од преговорите меѓу САД, Русија и Украина е да се постигне триесетдневен прекин на огнот за време на кој страните ќе разговараат за можностите за целосен прекин на непријателствата.

Виткоф изјави дека верува оти „таканаречените четири региони: Донбас, Крим, Луганск и уште два региони“ се најголемите пречки за решавање на војната во Украина. 

Во интервју за новинарот Такер Карлсон, тој нагласи дека овие региони се претежно населени со Руси и дека референдумите во овие области покажале дека огромното мнозинство од населението сака да биде под руска власт. 

Тој додаде дека тоа е клучна точка во конфликтот и дека има позитивна и конструктивна дискусија за тоа, иако често се избегнува прашањето.

„Тоа е слонот во собата. Во Украина има уставни проблеми во врска со територијалните отстапки. Русија де факто ги контролира овие територии. Прашањето е дали светот ќе ги признае овие територии како руски? Дали Зеленски ќе преживее политички ако го признае? Ова е централното прашање во конфликтот“, рече Виткоф.

Путин отиде во црква да се моли за Трамп ФОТО

Меѓу другото, доколку се постигне мировен договор, Украина не би можела да смета на тоа да стане членка на НАТО и „мислам дека раководството во Киев во голема мера го прифати тој факт“, изјави Виткоф.

Зеленски во многу тешка позиција

Тој рече дека претседателот Трамп имал одличен разговор и со украинскиот претседател Зеленски на 14 март, ден по разговорот на американскиот и рускиот претседател, и дека после тоа може да се каже дека Киев покажал флексибилност кон ставање крај на конфликтот.

Во врска со изборите во Украина, Виткоф оцени дека тие се „неопходни“, пишува украинската агенција РБЦ. 

Тој е уверен дека во Украина ќе се одржат избори и истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да даде се од себе.

Виткоф истакна дека Зеленски е во многу тешка позиција , соочен со голема земја која поседува нуклеарно оружје и чие население е четири пати поголемо од украинското. 

Според него, ова е најдобро време Зеленски да го финализира мировниот договор, кој би можел да се спроведе со помош на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој додаде дека САД се посветени на одржување избори во Украина до крајот на 2025 година, особено ако се постигне договор за прекин на огнот.

Путин се молеше за Трамп

Во интервјуто, Виткоф, исто така, ја откри приказната за тоа како рускиот претседател Владимир Путин се молел за Трамп откако Трамп бил напасен од куршум на претседателски митинг пред изборите во 2022 година. 

„Кога претседателот беше погоден, тој отиде во неговата локална црква, се сретна со свештеникот и се помоли за претседателот“, рече Виткоф. 

Путин наводно имал пријателски односи со Трамп и бил повреден од инцидентот.

Виткоф додаде дека Путин му дал на Трамп „убав портрет“ што тој го нарачал на познат руски уметник.