Путин откри интимни детали од својот живот, поврзани со неговото семејство: „Размислував за мојата…“
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата внука течно зборува мандарински бидејќи нејзината дадилка е од Пекинг.
„Споменав дека некои од моите блиски роднини учат кинески; мислев на мојата внука, чија дадилка е од Пекинг. Таа зборува течно кинески со неа “, рече Путин за време на состанокот со странски новинари во Санкт Петербург.
Тој рече дека Русите покажуваат зголемен интерес за учење на кинескиот јазик како што се продлабочуваат економските врски меѓу двете земји , при што годишната трговија достигнува 240 милијарди американски долари.
Не се знае многу за приватниот живот на Путин, но се знае само дека има две возрасни ќерки од првиот брак, објавува „Блумберг“.
Двете ќерки на рускиот лидер, Марија Воронцова (40) и Катерина Тихонова (38), беа санкционирани од САД, Европската Унија и Велика Британија поради војната во Украина.