Путин побара детален извештај за злосторствата на нацистите за време на Втората светска војна и Киев од 2014 година

Рускиот претседател Владимир Путин денеска издаде наредба да се подготват податоци за злосторствата на нацистите за време на Големата патриотска војна, како и податоци за злосторствата на актуелниот украински режим со цел да се формира стабилна граѓанска позиција во руското општество, објави веб-страницата на Кремљ.

– Министерството за култура на Русија, заедно со Министерството за дигитален развој, ќе обезбеди подготовка и дистрибуција на информативни материјали со цел да се формира стабилна граѓанска позиција во руското општество, особено кај младите, за злосторствата извршени од нацистите и нивните соучесници за време на Големата патриотска војна, како и за злосторствата на украинскиот режим, кој дојде на власт за време на антиуставниот вооружен пуч во 2014 година – се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Рокот за поднесување на извештајот е 30.06.2023 година, а потоа информацијата ќе се доставува еднаш годишно.