Путин почна да носи панцир на јавните настапи, пишува Дејли Мејл

Рускиот претседател почна да носи панцири на јавните настапи бидејќи е загрижен за својот живот и стравува од атентат, пишува британскиот таблоид Дејли Мејл.

Двајца руски функционери и извор близок до Кремљ изјавија за „Москва тајмс“ дека специјалните служби на земјата „до невиден степен ги засилиле и онака строгите безбедносни мерки околу претседателот Владимир Путин“.

„Кремљ е во состојба на висока готовност поради инвазијата на Путин на Украина, но и поради неодамнешните напади врз високи политичари во Европа и Азија“, наведува британската држава.

Нивниот извор исто така додаде:

„Кремљ многу сериозно ја сфаќа безбедноста на Владимир Путин. Тој е заштитен од цела армија видливи и невидливи чувари“.

Во извештајот се тврди дека 71-годишникот носи заштитен елек на настани на отворено барем од почетокот на 2023 година. Исто така, се наведува дека тоа го прави по препорака на службата за безбедност што го чува.

Извори потврдија дека тој носел панцир под јакната на 9 мај на Црвениот плоштад, на големата парада на Денот на победата.