ПУТИН ПРВ ПАТ СЕ ОГЛАСИ ПО ВОЕНИОТ ПУЧ: Вооружениот бунт на Пригожин не е приоритет, зборуваше за инвазијата на Украина
Владимир Путин се појави на руската државна телевизија само еден ден по државниот удар на Евгениј Пригожин.
Претседателот Владимир Путин се појави на руската државна телевизија за прв пат по крајот на вооружениот бунт што се закануваше да го собори неговиот режим. Путин ја обнови својата посветеност на војната во Украина, нарекувајќи ја „специјалната воена операција“ негов главен приоритет.
„Вака го почнувам и завршувам мојот ден“, рече шефот на Кремљ. Путин рече дека е „уверен“ во реализацијата на сите свои планови и „задачи“ во врска со „специјалната воена операција“ во Украина.
Путин рече дека е во постојан контакт со претставници на Министерството за одбрана и дека е убеден во спроведувањето на сите планови поврзани со „специјалната воена операција“. Според него, тој има средби и разговори по телефон, пренесе РИА Новости.