,,Путин сака Украина да ја направи Чеченија или Белорусија!” – Зеленски вели дека е подготвен да седне на преговарачка маса со шефот на Кремљ само во еден случај (ФОТО/ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би сакал да постави „марионета“ на чело на Украина, како што направи во Белорусија, Грузија и Чеченија, за да го спречи прозападниот развој на Украина.

Укринформ пренесува дека Зеленски тоа го рекол во интервју за британскиот телевизиски новинар Пирс Морган.

– Јасно е дека јас не им одговарам на нив (Русите) затоа што им треба човек-марионета. Ним им треба нивниот човек да ја води Украина и чесно, тоа беше случај пред војната, а и пред тоа кога ја имаа втората најсилна партија во парламентот. Тие ја контролираа таа партија, влијаеа на работата на украинскиот парламент и направија сè за да ја спречат Украина да го избере европскиот пат, за засекогаш да остане под рускиот чадор. Тие, да бидам искрен, ако го направат тоа што го направија во Чеченија, целосно ќе ја уништат и денес тоа е дел од нивната зона на влијание, нивните територии. Тоа го направија и во Грузија. Прво конфликтот (со Русија) беше замрзнат, а потоа нивните луѓе ја презедоа земјата. Тие секогаш го прават тоа така. Tоа го направија во голема мера во Белорусија“, рече Зеленски.

Тој изјави дека на Путин навистина не му е важно кој ќе биде следниот претседател на Украина.

– Главната работа е некој што е против западните вредности, против Западот, против Европската унија, кој ќе го гледа НАТО како противник, на начин на кој Русија го перципира. Па, барем Кремљ прави се што може за нивниот народ да го гледа НАТО како агресор. Иако, се разбира, тоа е одбранбен сојуз кој не напаѓа никого – рече Зеленски.

Слика од екранот 2025-02-04 124339.png

Украинскиот претседател во едно интервју се присети како пред целосната руска инвазија неколку пати се обидел да преговара со Путин, но на рускиот претседател тоа не му било потребно бидејќи неговата цел била уништување на Украина и нејзината независност.

– ,,Навистина сакав да го слушнам Путин на телефон, тоа беше во неколку наврати по нашата средба во Нормандија (во декември 2019 година). Откако се договоривме за прекин на огнот и тие го прекршија, имавме неколку телефонски разговори со Путин, а потоа тој исчезна повеќе од една година“, рече Зеленски, додавајќи дека тој упорно се обидувал да дојде до Путин пред инвазијата, но безуспешно.

Зеленски оцени дека Русите не се подготвени да ја прекинат војната ниту се подготвени да го сторат тоа.

– ,,Тие не сакаат да ја прекинат оваа војна. Утре ќе кажат дека се подготвени директно да се сретнат со Трамп, дека не им треба Украина, бидејќи ова не е војна меѓу Русија и Украина, туку само се случува некаква операција, а ова е глобална војна меѓу Русија и НАТО, а НАТО се САД. Но, сето тоа е глупост, ќе бараат причини да не заврши оваа војна. „Затоа што единствената желба на Путин е ние да престанеме да постоиме“, рече Зеленски.

Киев пост пишува дека Зеленски во интервју за Морган, објавено на Јутјуб вчера, рекол дека ќе се согласи на директни преговори со Путин за ставање крај на војната која трае речиси три години.

x АП Рамил Ситдиков.jpg

„Ако ова е единствената опција со која можеме да донесеме мир на народот на Украина и да не губиме луѓе, ние дефинитивно ќе одиме на таа опција“, рече Зеленски.

Тој, сепак, додаде дека со него ќе има уште „четири други учесници“, без да објасни на кого се мисли.

Морган претходно спомена дека Русија, Украина, ЕУ и САД ќе присуствуваат на потенцијалниот состанок.