ПУТИН ЈА НАПУШТА РУСИЈА: Шефот на Кремљ ја прифати поканата на Ким Џонг Ун да дојде во Северна Кореја
Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да ја посети Северна Кореја на покана на нејзиниот лидер Ким Џонг Ун, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Агенцијата наведува дека на крајот од средбата во Русија „Ким Јонг Ун љубезно го покани Путин да ја посети Северна Кореја по негова погодност“.
КЦНА додава дека Путин со задоволство ја прифатил поканата и ја потврдил желбата да ја продолжи традицијата на пријателство меѓу Русија и Северна Кореја.
Се вели дека Ким го уверил Путин дека Москва ќе постигне „голема победа“ над своите непријатели, додека Путин на новинарите им зборувал за „перспективите“ на воената соработка со Северна Кореја и покрај меѓународните санкции.