Работник на НАСА украл 8 килограми камења од Месечината: Нема да ја погодите причината ниту во најлудите соништа
Тед Робертс бил 25-годишен практикант во Вселенскиот центар Џонсон на НАСА кога ѝ ветил на својата девојка дека ќе „ѝ ја донесе месечината од небото“.
Но, за разлика од милиони млади мажи заљубени пред него, Тед Робертс го исполни своето ветување, објавува „Дејлимејл“ .
Во 2002 година, Робертс организирал една од најнеобичните и најдрски кражби во историјата на американската вселенска агенција НАСА, со помош на неговата девојка, Тифани Фаулер, и еден од нејзините колеги, Шеј Сор.
Kористејќи ги своите идентификациски картички на НАСА, тројцата провалиле во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон по работното време
и украле сеф тежок околу 270 килограми, во кој содржеле околу 8 килограми примероци од месечеви камења собрани за време на сите мисии Аполо. Вкупната вредност на украдените примероци се проценува на 21 милион долари.
NASA worker stole Apollo moon rocks for unthinkable act https://t.co/JMylPpiDqB
— Daily Mail US (@Daily_MailUS) May 14, 2025
Но, она што Робертс и Фаулер го направија веднаш по кражбата предизвика уште поголем шок! Тие истураа месечеви камења врз креветот и водеа љубов на него.
Приказната неодамна повторно стана вирална на социјалните мрежи, а еден корисник на Инстаграм на шега коментираше:
„Првиот човек што рече „Ќе ти ја дадам месечината“ и всушност го направи тоа. Вистински господин!“.
По кражбата, групата се обидела да ги продаде примероците преку интернет, барајќи помеѓу 2.000 и 8.000 долари за грам, на веб-страницата на Минералошкиот клуб во Антверпен ( Белгија ).
Белгиски колекционер на минерали го забележал огласот и го известил ФБИ , кое смислило стапица за да ги фати крадците. ФБИ му наложило на колекционерот да ги контактира „продавачите“ претставувајќи се како „Орб Робинсон“ и да изрази интерес за купување.
Четвртиот член на тимот, Гордон МекВортер, беше задолжен за објавување на огласот онлајн и комуникација со потенцијалниот купувач. Колекционерот предложил да закаже состанок со неговите „роднини“ од Пенсилванија , кои, се разбира, всушност биле агенти на ФБИ.
„Орб“ се согласи на состанок закажан за 20 јули 2002 година, во италијански ресторан во Орландо ( Флорида ), точно на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината.
Потоа, ФБИ ја уапси целата група. Робертс беше осуден на 10 години затвор, а случајот стана една од најспектакуларните и најбизарни кражби во историјата на НАСА.
Кога Брајан Робертс, Гордон Меквортер и Тифани Фаулер пристигнале на состанок со „купувачот“ во еден италијански ресторан во Орландо, Робертс рекол, донекаде параноично:
„Се надевам само дека немаш прислушувачки уред со себе.“
Сепак, агентката на ФБИ, Лин Билингс, која седеше спроти него, навистина имаше уред за прислушување. На снимките од разговорот, се слуша Робертс како вели:
„Мислам дека се обидуваат да ме измамат. Знаеш, да ме фатат.“
Но, и покрај неговите сомневања, снимките од состанокот покажаа дека целата група целосно поверувала во стапицата на ФБИ. Сите тројца изгледаа возбудени и весели. Меквортер дури се пошегува дека оставил бакшиш од 30 долари за келнерката „за да ѝ го разубави денот“.
Робертс беше толку возбуден што не можеше да го дојаде оброкот, па му го понуди на Фаулер. По вечерата, агентката Билингс и нејзиниот партнер отидоа со нив во хотелската соба каде што ги чуваа украдените примероци од Месечевите камења. Тие веднаш беа уапсени таму.
Шеј Сор беше уапсена истиот ден во Хјустон, Тексас, иронично на 33-годишнината од слетувањето на Месечината со Аполо 11. Робертс, Фаулер и Сор се изјаснија за виновни за заговор за кражба и транспорт на украден имот преку државни граници.
На 29 октомври 2003 година, Брајан Робертс беше осуден на повеќе од осум години затвор за неговата водечка улога во кражбата на Месечевите камења, но и затоа што, за време на претресот на ФБИ во неговиот дом, беше откриено дека претходно украл фосили од диносауруси од музеј во Јута .
Тифани Фаулер и Шеј Сор беа осудени на 180 дена домашен притвор и 150 часа општествено корисна работа, додека Меквортер доби шест години затвор.
Месечевите камења што Робертс и неговите соучесници ги украдоа од НАСА беа научно безвредни поради контаминација . Покрај тоа, тие уништија три децении рачно напишани истражувачки белешки на научник од НАСА, кои беа заклучени во сеф.
Брајан Робертс беше ослободен од затвор на почетокот на 2008 година и оттогаш стана теоретски физичар, филозоф на физиката и автор. Во интервју за NBC News од 2011 година, го прашале како се чувствувал што ги имал украдените Месечеви камења во негова сопственост.
„Јас, како и многу други, чувствувам страхопочит кога размислувам за тоа како тие камења го покажуваат неограничениот потенцијал на човештвото. Но, таа страхопочит не живее во тие карпи. Таа ни припаѓа на сите нас. Можам да кажам од искуство дека постојат многу посоодветни и покорисни начини човекот да се соочи со својата славна безначајност отколку крадењето парче од месечината. Што и да правите, не ги повторувајте моите грешки.“