– Тетовската полиција информира дека вчера 54 годишник од Албанија го загубил животот изведувајќи градежни работи. Случајот бил пријавен околу околу 15 часот и 40 минути кога во СВР Тетово се јавиле од тетовската клиничка болница.
-Пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б.(54) од Република Албанија. Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14 часот и 30 минути врз него се урнала земја во каналoт што го копале. Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот, информираше СВР Тетово.
Минатиот месец, на 14 јули градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите додека работеле во тетовска Шипковица. Тогаш настрадаа А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц(50) од Република Албанија.